Ekipa
03 Јуни 2018•Ажурирај: 04 Јуни 2018
ЏЕЗКАЗГАН (AA) - Руската вселенска капсула „Сојуз“ со три астронаути од Меѓународната вселенска станица (ISS) безбедно слета во степите на Казахстан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Капсулата слета денес во 12:39 часот по централноевропско време, без проблеми.
Со слетувањето во Казахстан, Русинот Антон Шкаплеров, Американецот Скот Тингл и Јапонецот Норишиге Канал ја завршија својата 168-дневна мисија. Астронаутите изгледаа добро додека се привикнуваа на гравитацијата.
Подоцна ќе бидат префрлени во Караганда каде што ќе бидат подложени на подетален лекарски преглед, а потоа ќе отпатуваат во Москва или Хјустон.
Моменталниот тричлен тим во орбитата го сочинуваат Американците Дру Феустел, Рики Арнолд и Русинот Олег Артемијев. Наредниот тим на астронаути во среда од Казахстан ќе полета кон вселенската станица.