Emre Aytekin
12 Август 2018•Ажурирај: 15 Август 2018
АНКАРА (АА) - Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) го лансираше сончевиот извидувачки сателит „Paker“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на НАСА, сателитот е лансиран од космодромот Кејп Канаверал во Флорида, со ракетата „Delta 4“, произведена од страна на компанијата „Boeing“.
Ова вселенско летало се очекува да достигне брзина од 690.000 километри на час во вселената, а приближувајќи се на 6,16 километри до површината на Сонцето, ќе собира информации околу соларната атмосфера.
Леталото за време на извидувачките активности ќе биде изложено на температура од 1.370 степени, додека надворешната заштита на леталото ќе ја зачува неговата внатрешна температура до 30 степени.
Се планира ова летало, во рок од 7 години, да ротира 24 пати околу Сонцето.
Една од мисиите на ова летало е да ја открие мистеријата на забрзувањето на сончевиот ветер, постојаниот проток надвор од Сонцето.