Ekipa
30 Март 2016•Ажурирај: 02 Април 2016
ТОКИО (АА) – Јапонската управа за регулирање на радиоактивноста (НРА), денес ѝ одобри на компанијата TEPCO активирање на таканаречениот „леден ѕид” изграден околу реакторот на нуклеарната електрана Фукушима со цел да го спречи течењето на радиоактивни води од елекраната оштетена од земјотресот 2011 година, јавуваат јапонските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на НРА Шуничи Танака, истакна дека отстранувањетo на водата од внатрешноста на зградата ќе биде крајна цел на процесот, изразувајќи надеж дека ќе бидат собрани „неопходните податоци да се докаже патот кон иднината”.
Стотици тони загадена воде тече од четири реактори во Фукушима, откатко електраната беше оштетена во цунамито предизвикано од земјотресот во март 2011 година.
„Ледениот ѕид” со пречник од 1.5 километри ќе го замрзне тлото до длабочина од 30 метри и тоа низ електричниот систем на тенки цевки кои ја пренесуваат разладената течност која ќе биде замрзната со цел да се спречи подземните води да дојдат во контакт со контаминирана вода. Изградбата на ѕидот започна во јуни 2014 година и како што се наведува чинела 312 милион евра.
Активирањето на ледената заштита околу електраната поради технички причини е одложено за повеќе од година дена поради технички причини, бидејќи некои стручњаци биле скептични за прашањето дали вреди вложување во конструкцијата за разладување, сугерирајќи алтернативни средства за решавање на проблемот на загадените подземни води.
Трудот и тестирањата се финализирани минатиот месец, а процесот на замрзнување ќе трае 8 месеци.