Amina Zorniç
10 Октомври 2016•Ажурирај: 12 Октомври 2016
АМСТЕРДАМ (АА) - Организацијата „Марс оне“ од Холандија тврди дека првиот човечки екипаж на Црвената планета ќе го испрати во 2027 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ќе живееме на Марс во 2027“, изјави директорот на организацијата, Бас Лансдорп, во интервју за „Си-ен-ен“. Тој потсети дека „Марс оне“ е основана со цел за испраќање на луѓето на Марс.
„Ќе испратиме луѓе на Марс, каде што ќе останат да живеат трајно. Тоа ќе биде доживотна мисија“, нагласи Лансдроп.
Според неговите зборови, компанијата минатата година примила стотина илјади барања од доброволци. Сепак, компанијата на своето прво патување на Марс ќе испрати само четири лица, две жени и двајца мажи.
Леталото „Маринер 4“ во 1965 година направи успешен прелет над планетата Марс, при што ги направи првите слики на нејзината површина.
Со векови постојат шпекулации дека постои можност да има живот на Марс поради близината на таа планета и нејзината сличност со Земјата.
Сериозното барање траги за живот започна во 19. век, а продолжено е со телескопски истражувања на таа планета.
Додека претходно фокусот бил ставен на феноменологијата, модерните научни истражувања се фокусираат на потрагата по хемиски траги на живот на тлото и на карпите.
Американската вселенска агенција (НАСА) во септември минатата година објави дека на Марс е пронајдена вода во течна состојба.