Amina Zorniç
29 Мај 2016•Ажурирај: 30 Мај 2016
САРАЕВО (АА) - Марс утре, 30-ти мај, ќе биде најблиску до Земјата во последните 11 години и ќе биде видлив со голо око, јавува Anadolu Agency (AA).
Марс утре ќе биде оддалечен од Земјата цели 76 милиони километри по што до 12-ти јуни ќе биде на одалеченост од 77.200.000 километри.
„Само погледнете кон југоисточната страна на небото по завршувањето на самракот и ќе го видите”, тврди Алан МекРоберт, уредник на списанието "Sky&Telescope".
Ова, исто така, значи дека Црвената планета ќе биде возможно да се види со голо око, инаку за оваа планета е карактеристично дека тешко може да се воочи дури и со помош на посебна опрема.
Според тврдењата на Американската агенција за истражување на Вселената (NASA), Марс ќе биде видлив благодарејќи на „ феноменот Марс” кој настанува кога Марс и Сонцето ќе се најдат во иста рамнина, односно кога „лежат” на спротивните страни на Земјата.