Göksel Yıldırım
02 Ноември 2022•Ажурирај: 03 Ноември 2022
ЏАКАРТА (АА) - Над 30 турски компании од одбранбената индустрија ги претставија своите производи на водечкиот Саем за одбрана во индонезискиот главен град Џакарта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Саемот (Indo Defense Expo & Forum) ги отвори своите врати денеска по четиригодишна пауза и ќе трае до сабота.
Под раководство на Претседателството за одбранбени индустрии на Туркије, турската одбранбена индустрија, која неодамна ги засили своите активности за извоз, учествува на четиридневниот саем со цел изнаоѓање нови пазари.
На саемот се изложени различни турски производи и опрема како копнени, воздушни и поморски платформи, беспилотни летала, системи за оружје, муниција, софтверски решенија и симулатори.
Турските компании извезуваат производи од одбранбената индустрија во азиските земји како Индонезија, Филипини, Бангладеш и Малезија, а за време на саемот нивна цел е да потпишат нови договори за соработка.