Zehra Ulucak
19 Декември 2016•Ажурирај: 20 Декември 2016
САРАЕВО (АА) - Научниците открија ѕвезда слична на Сонцето, оддалечена 300 светлосни години од Земјата, а таа ги „голта“ околните планети, јавува Andolu Agency (AA).
Истражувањето е објавено во списанието „Астрономија и астрофизика“. Се истакнува дека станува збор за ѕвездата ХИП 68468, за која се претпоставува дека е стара шест милијарди години.
„Тоа не значи дека Сонцето во блиска иднина ќе ја голтне Земјата“, нагласи членот на меѓународниот истражувачки тим, Џејкоб Бин, вработен на Универзитетот во Чикаго.
Дебра Фишер, од Универзитетот „Јејл“ истакна дека откритието овозможува да се разбере обликувањето на планетарните системи.
Истражувачите од опсерваторијата Ла Силја, во Чиле, во орбитата на ѕвездата ХИП 68468 открија уште две планети, една за 50 отсто поголема од Нептун, а другата трипати поголема од Земјата.
Голема е веројатноста дека споменатите две планети се повлечени од надворешниот дел на системот кон внатрешноста. Исто така, научниците сметаат дека другите планети во системот се или отфрлени од страна на ХИП 68468 или „проголтани“.
Sвездата ХИП 68468 содржи четирипати повеќе литиум отколку другите ѕвезди со иста старост.