Emre Aytekin
08 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Сателитот „Паркер“ на Американската вселенска агенција НАСА по петти пат го заобиколи Сонцето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за сателит кој научниците на НАСА го конструираа и испратија во вселената пред две години, со задача да навлезе што подлабоко во атмосферата на Сонцето.
Првата соларна мисија, наречена по научникот Јуџин Паркер, е на пат околу Сонцето, а „space.com“ јавува дека моментално се наоѓа во позиција најблиска до површината на Сонцето.
Сателитот се најде на точката којашто од површината на Сонцето е оддалечена 18,7 милиони километри.
Ова е петти круг на сателитот околу Сонцето, а во текот на седумгодишната мисија треба да го заобиколи Сонцето 24 пати.
Секој нареден круг околу Сонцето, сателитот нурнува подлабоко во Сончевата атмосфера, а планот е во последниот круг во 2025 година да биде оддалечен од Сонцето шест милиони километри.