Gözde Bayar
02 Август 2019•Ажурирај: 03 Август 2019
АНКАРА (АА) - „Зголемувањето на доењето на речиси глобално ниво може да спаси повеќе од 800.000 животи секоја година“, се соопштува од Светската здравствена организација на ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
Организацијата вчера објави соопштение по повод Светската недела на доењето, која се слави од 1 до 7 август со цел да се охрабри доењето и за подобрување на здравјето на бебињата.
Фокусирајќи се на овогодишната тема „Охрабрете ги родителите, овозможете доење“, СЗО заедно со УНИЦЕФ и други партнери работи на разјаснување на важноста на семејните политики, кои овозможуваат доење, и помош на родителите при негата.
„Двете организации ги повикаа владите и вработените да ги усвојат семејните политики, вклучувајќи платено породилно отсуство од најмалку 18 недели, како и платено отсуство за татковство“, се вели во соопштението.
СЗО, исто така, повика на „поголеми инвестиции во сеопфатните програми за доење“ и на „крај на промовирањето за замената на мајчиното млеко“.
Во соопштението се потенцира дека семејните политики го поддржуваат учеството на жените во работната сила, ја подобруваат нивната физичка и ментална благосостојба и ја зајакнуваат семејната врска.
„Зголемувањето на доењето до речиси универзално ниво може да спаси повеќе од 800.000 животи секоја година, повеќето од нив се деца под 6 месеци“, се вели во соопштението, во кое се додава дека со зголемувањето на доењето може да се избегнат 20.000 смртни случаи на мајки секоја година, кои се случуваат како последица на карцином на дојка.
„Во придобивките од доењето спаѓаат намалување на ризикот кај мајките кои развиваат карцином на дојка, карцином на јајници, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања“, се вели во соопштението.
Д-р Окан Булент Јилдиз, ендокринолог на Медицинскиот факултет „Хаџетепе“ во турскиот главен град, Анкара, за АА изјави дека доењето по раѓањето има потенцијал да го намали ризикот од многу болести, вклучително и стеснување на крвните садовите, како и рак на дојка и јајници.
„Студиите покажаа дека доењето го намалува ризикот од хипертензија, дијабетес и метаболички синдром за околу 20-50 отсто“, рече тој.
Д-р Илке Мунган Акин, кој предава на Универзитетот за здравствени науки во Истанбул, за АА, исто така, изјави дека мајчиното млеко претставува идеална, оригинална и природна исхрана, која не може да се замени со ништо.
„За жал, само 43 отсто од бебињата под шест месеци, се дојат на глобално ниво. Бебињата кои никогаш не се доени, имаат 14 пати поголем ризик од смрт од оние кои се доени“, истакна Акин.