Bahattin Gönültaş
09 Мај 2022•Ажурирај: 10 Мај 2022
БЕРЛИН (АА) - Нето-добивката на германската биотехнолошка компанија „БајоНТек“ во првиот квартал од оваа година се зголеми за три пати на 3,7 милијарди евра, со раст на приходите по продажбата на вакцините против коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
БајоНТек ги објави финансиските резултати за првиот квартал од 2022 година.
Според податоците, нето-добивката на компанијата во првиот квартал порасна на 3,7 милијарди евра, со нагло зголемување на нето-приходот.
Во периодот јануари - март минатата година, БајоНТек објави добивка од 1,12 милијарди евра.
Вкупните приходи на компанијата се зголемија за 211 отсто во првиот квартал во однос на истиот период во 2021 година и достигнаа 6 милијарди и 374 милиони евра.
Очекувањата на пазарот за приходите беа околу 4,01 милијарди евра.
Компанијата во првиот квартал од минатата година оствари приход од 2 милијарди и 48 милиони евра.