Gökhan Ergöçün
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Една од најголемите компании во Турција во полето на одбраната, „Хавелсан“, разви домашен и безбеден софтвер за видеоконференции, „Дијалог“ (Diyalog), јавува Агенција Анадолија (АА).
Употребата на софтвери за видеоконференции нагло се зголеми по појавата на пандемијата на Ковид-19, поради која беа воведени мерки за изолација на глобално ниво.
Големата побарувачка за ваков вид софтвер откри и одредени безбедносни проблеми.
Според информациите што ги доби Агенција Анадолија, „Дијалог“ на Хавелсан, кој ќе биде пуштен во употреба во наредните денови, ќе обезбеди висока безбедност.
Софтверот ќе има неколку одлики како што се „крај-до-крај енкрипција“, споделување на екран, безбеден говорен повик и видеоконференциска врска со високи стандарди, како и безбедно допишување.
Ахмет Хамди Аталај, генералниот директор на компанијата, истакна дека софтверот е уникатен и додаде: „Може да работи и на корпоративни и на клауд-сервери“.
„Софтверот донесе крајно решение за проблемот со безбедноста на информациите во Турција“, рече тој.
Луѓето ќе можат да ја користат програмата преку интернет-прелистувачите како „Safari“, „Chrome“, „Opera“, „Firefox“, „Mozilla“, „Tizen“ и „Vivaldi“.
Аталај нагласи дека софтверот нема ограничување на бројот на учесници, ниту пак временско ограничување на видеоконференциите
Тој истакна дека софтверот може да се извезува и во други земји.
Исмаил Демир, челникот на Турското претседателство за одбранбени индустрии, изјави дека неколку турски фирми развиле софтвер за видеоконференција.
„Karel, Gais, May Siber, Bites, YD Yazilim, 12M, Liberta, ICTerra и Nettsi исто така креираа нивни софтвери“, истакна тој.