Gökhan Ergöçün
20 Јануари 2021•Ажурирај: 21 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Водечкиот турски производител на автобуси „Отокар“ тестираше автономен автобус кој го разви во соработка со експерти од Универзитетот „Окан“, јавува Агенција Анадолија (AA).
Компанијата со седиште во Сакарија соопшти дека тестирањето било успешно за првиот турски автобус со автономен систем на управување.
Се наведува дека успешната интеграција на софтверот и верификацијата на автономниот управувачки систем е втора од вкупно четири тест фази и воедно најважна фаза од процесот.
Тестираниот автобус покажал многу сензитивна контрола и при мала брзина, што е карактеристична за возење низ градските центри.
Автобусот доби и високи оценки за удобност, а станува збор за возило кое турските експерти го развиваа во последните три години.
Компанијата „Отокар“ позната е и по тоа што претходно го разви и произведе првиот турски автобус на електричен погон што се извезува во други земји.