Erdoğan Çağatay Zontur
14 Мај 2019•Ажурирај: 15 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Човечката ДНК е запишана со ноти и визуелизирана од страна на компјутерска програма на универзитет во главниот турски град Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во нашиот проект ние ја запишувавме ДНК-та со ноти и ја визуелизиравме“, истакна за Anadolu Agency, Елиф Сурер, научник на Блискоисточниот технички универзитет (METU).
„Kарактеристиките по коишто се разликува еден човек од друг човек ги трансформиравме во музика, во светлосни сигнали и во анимации“, рече Шурер.

Таа, заедно со нејзината студентка од додипломските студии, Елиф Бозлак, започнаа уметнички проект, инсталација под наслов „Музиката во тебе“, во која е вклучено конвертирањето на мутациите или малите разлики во генетските кодови кај луѓето, во музика и во светлосни сигнали.
„Уметноста потоа се претвори во истражувачки проект во кој се вклучија 92 волонтери. Проектот беше презентиран на конференцијата GOODTECHS 2018 во Болоња, Италија“, рече Сурер.
Ајбар Џан Аџар, научник од Блискоисточниот технички универзитет, рече дека ДНК во хромозомите го прави секое човечко суштество различно.
„Ајде да го претставиме целиот хромозом како жица, без разлика дали тоа е [на] саз [турски гудачки инструмент] или жица на гитара, и да го поделиме на стапала“, рече Аџар.

„Како резултат на секвенционирањето, кога се јавуваат мутациите, креираме индивидуална мелодија со притискање на овие стапала. Откривме музика што не постои во светот и веројатно никогаш нема да постои“, истакна тој.
Бозлак, волонтерката во проектот, рече дека петмина волонтери учествувале во проектот за визуелизација на ДНК.
„Немаме сретнато специјална музика ниту визуелно креирање за кое се користеле мутациите на ДНК-та“, рече Бозлак.
„Ги претворивме хромозомите во фреквенциски вредности со изедначување на должината на гитарската жица. Потоа создадовме различни звуци, визуелизации и анимации, користејќи ги овие податоци за фреквенцијата“, додаде таа.
Бозлак истакна дека мутациите на ДНК-та секогаш не претставуваат индикатор за болест.
„Нашата цел е да го предаваме знаењето за ДНК со забавни и извонредни методи.“