Göksel Yıldırım
17 Јули 2018•Ажурирај: 18 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Млазниот авион од турско производство наменет за обука „Хурџет“ е претставен на овогодишниот Меѓународен саем во Фарнбороу, во околината на Лондон, и веднаш привлече големо внимание на присутните, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската индустрија за авијација и вселена (TUSAS) го осмисли „Хурџет“ во рамките на Проектот за развивање на млазен авион за обука и пружање поддршка.
На Саемот се претставени беспилотните летала АНКА (ANKA) и хеликоптерот „T-625 Озгун“, чиј лет е планиран за во септември. Исто така, на Саемот е извршен и показен лет на хеликоптерот „Атак T-129“, кој е најголема извозна ставка на Турција кога станува збор за одбрана.
Сепак, најголемо изненадување на Турската индустрија за авијација и вселена (TUSAS) беше „Хурџет“, кој привлече внимание не само кај професионалците, туку и кај аматерите.
На Саемот првпат е претставен „приземен прототип“ на млазниот авион „Хурџет“.
Најчесто поставувани прашања на екипата задолжена за изложување на „Хурџет“ во Лондон беа за тоа на кој турскиот авион ќе му биде конкуренција, кога ќе полета, кога е започнат проектот и слично.
Се очекува дека прототипот на авионот многу брзо ќе ги изврши тестирачките летови, а пуштањето во употреба на овој авион е планирано за во 2023 година.
Должината на авионот ќе биде 13,4 метри, крилата ќе имаат распон од 11 метри, а висината на опашката ќе изнесува 4 метри.