Gökhan Ergöçün
22 Септември 2020•Ажурирај: 23 Септември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот документарец „Црната кутија на планетата: Антарктикот“, снимен на ледениот континент, е спремен за прикажување в четврток, јавува Агенција Анадолија (АА).
Документарецот ќе се емитува преку „ТРТ Белгесел“, документарниот канал на јавниот сервис, во 22 часот по локално време (1900GMT).
„Не пропуштајте го ова визуелно уживање што го раскажува патешествието на турските научници на Белиот Континент“, објави денес на Твитер турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк.
Документарецот беше подготвуван во рамките на 4. Национална научна експедиција на Антарктикот минатата година.
Премиерно ќе се прикаже утре, во рамки на најголемиот турски технолошки фестивал „Текнофест“, со присуство на првата дама на Турција, Емине Ердоган, во Претседателскиот комплекс.
4. експедиција на Антарктикот, составена од 24 научници, предводена од проф. д-р Ерсан Башар во координација со проф. д-р Бурџу Озсој, трагаше по одредени одговори на ледениот континент.
Снимени се 135 часа видеоматеријал за создавање на 57-минутниот документарен филм, во режија на Бурџу Џамџиоглу.