Gökhan Ergöçün
20 Август 2019•Ажурирај: 21 Август 2019
АНКАРА (АА) - Бројот на пешадиски пушки од домашно, турско производство, достигна над 40.000 во инвентарот на Вооружените сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Од 2017 година, Kомпанијата за механичко инженерство и хемиска индустрија (MKEK) произведе над 40.000 пушки „MPT-76“за Турските вооружени сили. Пушката е именувана по турскиот акроним на Националната пешадиска пушка, за која според податоците собрани од страна на АА, неодамна е реализирана испорака на нови 4.500 парчиња.
„MPT-76“ е дизајнирана и произведена преку домашни средства во Турција, без никаква техничка поддршка од странство.

Пушката, која може да реализира 700 истрели во минута, ги мина сите тестирања на НАТО, како и оние со кои се тестира отпорност на ладен и топол воздух, на песок, дожд и кал.
Со тежина од околу четири килограми, пушката, која користи куршуми со дијаметар од 7,62 мм, има ефективен опсег од 600 метри.
МКЕК спроведува процес на сериско производство на пушката заедно со две турски фирми - „Кале Калип“ (Kale Kalip) и „Сарсилмаз Силах“ (Sarsilmaz Silah).