Övünç Kutlu
10 Мај 2017•Ажурирај: 10 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Компанијата „Фејсбук“ ја унапреди технологијата за автоматско преведување и најавува дека на корисниците ќе им овозможи поточно и побрзо преведување на текстовите, јавува Anadolu Agency (AA).
Социјалната мрежа „Фејсбук“ веќе нуди опција на автоматско преведување на текстовите на 45 различни јазици, но во последното соопштение на компанијата се наведува дека унапредената верзија на корисниците ќе им овозможи поточно и деветпати побрзо преведување на нивните текстови.
Во соопштението, исто така, се наведува дека експертите на „Фејсбук“ развиле нова техника за автоматско преведување врз основа на вештачки нервни мрежи кои работат на сличен начин како и нервниот систем на човекот.
За разлика од досегашната технологија на секој збор одделно, новиот систем ќе преведува група зборови и реченици како целина, па се очекува и поголема прецизност на преводот.
Од „Фејсбук“ најавуваат дека ќе продолжат активностите во правец на усовршување на автоматското преведување текстови за на луѓето од целиот свет да им се овозможи полесна комуникација и видеоснимки на јазиците што ги сакаат.