Sarp Özer
11 Мај 2017•Ажурирај: 12 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Во најсеверниот турски град Синоп, успешно е тестирана ракетата „Kaan“, јавува Anadolu Agency (AA).
Тестирањето, меѓу останатите, го следеше и турскиот министер за одбрана Фикри Ишик и потсекретарот за одбранбена индустрија Исмаил Демир. Ракетата беше лансирана од Синоп, на оддалеченост од 280 километри, во отворени води на Црното Море.
Министерот Ишик упати честитки за успешното тестирање на ракетата укажувајќи на значењето на овој чин, кој ќе придонесе за развој на ракетниот систем.
Во рамките на проектот „Kaan“, развиени се ракети со долг дострел „земја-земја“, со наведување, лансирни рампи, придружни возила и средства за одржување. Оружениот систем и ракетата „Kaan“ првпат се претставени и изложени на саемот IDEF 2017.