Büşra Selvi Öğütcen
23 Септември 2016•Ажурирај: 23 Септември 2016
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Според изјавата од американскиот технолошки гигант „Јаху“ (Yahoo), од проверката на датотеките се дознава дека во 2014 година имало сајбер напад на центарот за податоци, јавува Anadolu Agency (AA).
При нападот, хакерите преземале лични информации на корисниците како што се, адреси на е-пошта, телефонски броеви, датуми на раѓање, шифри, како и сигурносни прашања и одговори за потврдување на лични сметки.
Потенцирајќи дека е можно овој напад да бил поддржан од државни субјекти, на корисниците што од 2014 година наваму ја немаат сменето шифрата, им беше препорачано да го сторат тоа.
Во соопштението беше потенцирано дека сѐ уште траат истражувањата за тоа дали биле преземани и банкарски сметки, или пак информации за кредитни картички или банкарски сметки на корисниците.
Од „Јаху“ велат дека моментално нема траги за присуство на хакери на нивната мрежа.