Şerife Çetin
16 Април 2018•Ажурирај: 17 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Од Европската Унија (ЕУ) истакнаа дека заканите од кибернапади постојано бележат пораст, и соопштија дека ќе се преземат чекори за зголемување на кибербезбедноста, пренесува Anadolu Agency (AA).
На состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ кој започна во Луксембург, е донесена одлука да се направат повеќе чекори против киберзаканите.
Во соопштението на Советот на ЕУ околу оваа тема се наведува дека трети земји и вондржавни актери започнале со повеќе активности во киберобласта, со цел да ги постигнат нивните цели, и дека тоа е загрижувачко.
Според соопштението, ЕУ донела одлука за развивање на капацитетите против киберзаканите, и се подготвени да придонесат за градење меѓународни права и правила во оваа област.
Се истакнува дека сите активности во киберобласта треба да се реализираат во согласност со законските правила.
Во ова соопштение се вели дека ЕУ остро ја осудува злоупотребата на информатичките и комуникациски технологии, и дека кибернападите слични на „Wannacry“ и „NotPetya“, предизвикуваат сериозна штета и економска загуба во ЕУ.