Tevfik İşçi
05 Октомври 2026•Ажурирано: 05 Октомври 2026
Во Бугарија се одржа 17. Меѓународен балкански конгрес за образование и наука, а меѓу организаторите е и Универзитетот „Тракија“, пренесува Анадолу.
Според соопштението на универзитетот, на конгресот, организиран под мотото „Одржлив раст во образованието: Човек, технологија и етика“, учествуваа повеќе од 150 академски професори, истражувачи и студенти.
На конгресот беа претставени универзитети од Бугарија, Турција, Северна Македонија, Хрватска, Грција, Србија и Косово.
Педагошкиот факултет на Универзитетот „Тракија“ учествуваше на конгресот со заменик-ректорот и декан на Педагошкиот факултет, проф. д-р Ејлем Бајир, како и со својот академски кадар.
На отворањето на конгресот, покрај Бајир, на учесниците им се обратија проф. д-р Генчо Валчев од Универзитетот „Тракија“, проф. Иван Прскало од Универзитетот во Загреб, проф. Љуљзим Адеми од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Ненад Вуловиќ од Универзитетот во Крагуевац, проф. д-р Тасос Анастасиос Микропулос од Универзитетот во Јанина и проф. Милен Замфиров од Универзитетот во Софија.
Во научната програма беа разгледани следниве теми: одржливо образование, дигитална трансформација, вештачка интелигенција, етика во образованието, инклузивно образование и образование на наставници.
На конгресот беа разгледани и можностите за соработка во заеднички истражувања и меѓународни проекти меѓу земјите и универзитетите.