Zülfiya Yakup
10 Декември 2015•Ажурирај: 11 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - По повод 10-ти декември, Светскиот ден за човекови права, во Косово денес започна национална кампања за поддршка на имотните права на жените. Кампањата ја отворија претседателката на Косово, Атифете Јахјага, амбасадорот на САД во Косово, Грег Делави, директорот на Мисијата на УСАИД во косово, Џејмс Хоуп и министерот за правда хајредин Кучи, јавува Anadolu Agency (АА).
Јахјага истакна дека оваа иницијатива сите треба да ја поддржат, бидејќи гарантирањето на правата на имот е гаранција за социјална правда. Таа наведе дека многу мал процент жени во косово поседуваат имот на свое име. јахјага ппотсети на многу судбини на косовските жени, порачувајќи дека таквиот менталитет мора да се промени.
Таа честиташе за преземента иницијатива од Министерството за правда со поддршка на USAID во составувањето на национална стратегија за имотните права, посветувајќи посебно внимание на имотните права на жените и начинот на третирање на проблемот со кој се среќаваат жените при остварување на ова право.
Делави истакна дека жените во Косово не се рамноправни, иако Уставот и законските рамки гарантираат еднаквост во имотното право.
„За жал, сите знаеме дека е вообичаено жените да се откажат од наследството и нивниот имот да остане на мажите, често и насилно се присилувани на тоа. Ќерките често не се ни внесуваат во листата на наследници која служи како основа за поделба и наследна процедура“, рече амбасадорот.
USAID го поддржува развојот на модерните законски рамки и институционалната култура кои на граѓаните на Косово им овозможува стекнување, регистрација и продажба на земјиште на лесен начин.