Almir Terzic
29 Декември 2015•Ажурирај: 30 Декември 2015
САРАЕВО (АА) - Министерот за надворешни работи Игор Црнадак најави дека граѓаните на БиХ освен со пасош наскоро во Македонија би можеле да одат само со лични карти.
"По последните информации кои ги имам тоа е во завршна фаза. Откако со лична карта на БиХ може да се оди во Србија, Црна Гора, од неодамна и Албанија, со Македонија би го заокружиле делот на регионот во рамките на кој би можело да се движи со лични карти" , рече во разговорот за Anadolu Agency Игор Црнадак, министерот за надворешни работи на БиХ.
-Нема да има признавање и укинување визи за Косово-
Нема да има признавање на Косово ниту укинување на визите во наредната година, но планираме со Косово да воспоставиме редовен визен режим, потврди босанскиот министер за надворешни работи.
"Она што сакаме и планираме да го направиме е визниот режим со Косово, кој е доста ригиден и подразбира секоја виза лично да ја потпишува министерот за надворешни работи, како и дека за визата може да се аплицира само на три места, да го смениме и обработката на визните барања на граѓаните на Косово да ја ставиме во класична визна обработка" , рече Црнадак.
Помеѓу останатото, тој истакна дека "и понатаму визата на граѓаните на Косово ќе се издава на посебен папир".
"Ние не ги признаваме ни документите на Косово, но во склад со заклучоците од Виенската конференција и овој нов начин ќе биде придонес за движењето на луѓето во регионот", оцени Црнодак.
Истакна дека до сега визата за граѓаните на Косово се издавала во дипломатско-конзуларните претставништва во Босна и Херцеговина во Скопје, Тирана и Подгорица.
"Ќе гледаме со новото правило да се отвори можност и на повеќе места да се предаваат барањата за визите, а обработата ќе биде класично конзуларна, без потреба за барањето да одлучува министерот за надворешни работи" , нагласи Црнодак.
Инаку, граѓаните на БиХ само со лична карта може да патуваат и во Хрватска, но после први јули 2013 година односно со влегувањето на Хрватска во ЕУ, таа можност е суспендирана. Од тогаш во Хрватска може да се влезе само со пасош на БиХ.