Dzihat Aliju
24 Декември 2016•Ажурирај: 25 Декември 2016
СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје започна работилница на тема „Предлози и решенија за проблеми во образованието на турски јазик во Македонија“, јавува Anadolu Agency (AA)
Работилницата се одржува во организација на Министерството за образование и наука на Република Македонија, Турската агенција за соработка и развој (ТИКА) и Институтот „Јунус Емре" во Скопје, учествуваат наставници и директори од училишта од државата и претставници од граѓанскиот сектор од Турција.
Директорот на образовниот центар по Турски јазик при Институтот „Јунус Емре" Керим Саригул, изјави дека институтот има околу 50 центри во 40 држави во светот.
Меѓу другото тој рече дека, во државите каде институтот има претставништва организираат активности во врска со проблемите и иднината на турскиот јазик.
„Денес и овде во многу училишта се изучува турскиот јазик. Како и на секое друго место, и овде има различни проблеми, барања и потреби. Ние всушност овде заедно со наставниците ќе ги ставиме на маса проблемите и ќе разговараме за нивните евентуални решенија. Потоа, како претставници на Турција и на институтот ќе се консултираме во врска со тоа како Турција може да помогне за овдешните образовни програми по турски јазик“, истакна Саригул.
Заменик директорот на Инстиутот „Јунус Емре" во Скопје Фуат Коркмаз пак нагласи дека целта е на оваа работилница е да се добие научна перспектива во изучувањето на Турскиот јазик во Македонија.
Коркмаз посочи дека на оваа работилница се дојдени околу 120 директори на училишта од различни градови, а ќе разговараат за пролемите во едукативните програми на турскиот јазик на три различни маси.
„Верувам дека од оваа раболтилница ќе произлезе некаков план за дејствување и понатаму ќе се сподели со различни институции и установи. Тоа што се собраа директори од различни училишта од Македонија е од посебна корист затоа што ќе зборуваат и ќе се консултираат за различните проблеми“, рече Коркмаз.
Претседателот на Педагошката служба при Министерството за образование и наука на Република Македонија, Муедин Кахвеџи пак нагласи дека преку оваа работилница ќе се разговара за проблемите во образовните програми по турски јазик во државата, но и дека сакаат да најдат предлог решенија на среден и долг рок.
Тој пренесе дека, работилницата се состои од тркалезни маси од основно, средно и високо образование.„Имаме најмалку по еден претставник од 65 основни, 13 средни училишта, и државни и приватни универзитети, а според големината на училиштата, и до двајца или тројца претставници. Се надевам дека овде организираме работилница со цел понатаму да се развие образовната програма по турски јазик и да се најдат решенија за проблемите и им посакувам најдобро на нашите сонародници во Македонија“, истакна Кахвеџи.
На работилницата која ќе заврши утре, посочено е дека ќе биде подготвена книга со заклучоци и упатства на турски, албански и македонски јазик и ќе биде поделенаво образовните институции во државата.