Handan Kazancı
23 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
АНКАРА (АА) - Во Турција денес започна емитувањето на училишни предавања во рамките на мерките за учење од далечина со цел спречување на ширењето на новиот вид коронавирус, јавува Агенција Андолија (АА).
Турскиот министер за образование, Зија Селчук, го започна првиот час за милиони ученици во 09.00 часот по локално време.
На 13 март, турските власти соопштија дека сите образовни установи, од основните училишта до универзитетите, ќе бидат затворени за да се спречи ширењето на вирусот во земјата, каде досега има 1.236 случаи на коронавирус и 30 смртни случаи.
Наставата на далечна ќе биде достапна преку интернет и преку телевизија.
Според Селчук, учениците ќе можат наставата да ја следат преку Информациската мрежа за образование (EBA), преку која лекциите ќе можат да се следат преку интернет со учество на наставници и учители, преку шест ТВ-канали специјално резервирани за едукативни потреби до крајот на пандемија.
Во зависност од одделението и ученикот, ќе се емитуваат различни лекции по предметите турски јазик, математика, општествени и физички науки, англиски, биологија и географија по 20 минути секој предмет, еден по друг.
Учениците исто така ќе можат да ги следат часовите подоцна во вечерните часови, а истите ќе бидат достапни и на веб-страницата на Информациската мрежа за образование (EBA).