Diyar Güldoğan
07 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Тројца научници, Вилијам Г. Келин Џуниор, Сер Питер Џ. Ретклиф и Грег Л. Семенза, ја добија овогодишната Нобелова награда за физиологија и медицина, за нивните откритија како клетките се приспособуваат на нивото на кислород, јавува Anadolu Agency (AA)
„Нобеловата награда за физиологија и медицина 2019 година беше доделена на тројцата научници Вилијам Г. Келин Џуниор, Сер Питер Џ. Ретклиф и Грег Л. Семенза за нивните откритија како клетките се приспособуваат на нивото на кислород“, се вели во соопштението на Нобеловото собрание на Шведскиот институт „Каролинска“.
Во соопштението се вели дека научниците идентификувале молекуларна машинерија која ја регулира активноста на гените во одговор на различни нивоа на кислород.
„Тие воспоставија основа за наше разбирање за тоа како нивото на кислород влијае врз клеточниот метаболизам и физиолошката функција. Нивните откритија, исто така, го трасираа патот за ветување на нови стратегии за борбата против анемија, канцер и многу други болести“, се додава во соопштението.
Нобеловата награда за физиологија и медицина се доделува од 1901 година.