Ekip
12 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
ТЕТОВО
Церемонијата по повод матурата која секоја година ја организираат интернационалните училишта „Маариф - Македонија“, оваа година поради превентивните мерки на заштита од ширење на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) беше спроведена по пат на видеоконференција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поради пандемијата на новиот тип коронавирус која го погоди целиот свет, интернационалните училишта „Маариф“, наставата ја водеа по пат на видеолинк, а за учениците што матурираа во учебната 2019/2020 беше подготвена програма во конференциската сала на училиштето, во која, преземајќи ги сите превентивни мерки, учество зедоа менаџментот на училиштето и првенците на генерациите.

Во програмата на матурата која за првпат во земјава беше организирана по пат на видеоконференција, гостите учествуваа држејќи физичка дистанца. Раководителите од претставништвото на „Маариф“ и училишната администрација, на учениците им ги доделија сведителствата, сертификати за постигнат успех, за јазични вештини и сертификати за други вештини.
Директорот на училиштето, Али Седат Аслан, во своето обраќање истакна дека во периодот на пандемијата учениците, благодарение на наставата на далечина го продолжиле своето образование без прекин.
Аслан истакна дека матурантите ја немале можноста да уживаат во своето матурирање.
„Програмата на затворање на учебната 2019/2020 година поради пандемијата ја спроведуваме онлајн, што се извршува за првпат. Зад себе оставаме една школска година исполнета со потешкотии. Им се заблагодаруваме на семејствата за нивната помош што им ја пружија на наставниците и учениците во надминувањето на потешкотиите во периодот на нормалната настава лице во лице, како и во периодот на онлајн наставата на далечина", рече Аслан.
„Еден од најубавите примери дека зад секоја потешкотија нѐ очекува некое олеснување е она што го доживуваме сега. Се изморивме и сега е време за одмор. Нашите ученици ги очекува убав одмор. Им посакувам да поминат мирен и среќен одмор заедно со своите семејства. Како училиште „Маариф“, секогаш сме покрај нашите ученици и ќе продолжиме безусловно да ги сакаме“, додаде тој во обраќањето.
Програмата заврши по традиционалното испишување на имињата на првенците на генерациите на дрвото на „Маариф“.