Ali Murat Alhas
20 Октомври 2019•Ажурирај: 21 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара очекува од Соединетите Американски Држави (САД) да го обезбедат повлекувањето на терористите на ЈПГ/ПКК од северна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во своето обраќање во Истанбул рече дека работат напорно на пружање добри услуги на сите жители, и дека целите и соништата ќе бидат исполнети.
„Секогаш главата на турскиот нарот и Турција ќе ја држиме исправено“, рече Ердоган, кој порача дека на светската политичка сцена нема да го изневери народот.
Турскиот претседател, меѓу другото, зборуваше и за тековните случувања во регионот и светот, со посебен осврт на ситуацијата во Сирија и договорот постигнат со САД.
„Од нашите американски сојузници очекуваме овојпат да го одржат ветувањето дадено на Турција“, рече Ердоган.
Тој ја сподели и информацијата дека во текот на антитерористичката операција во северна Сирија неутрализирани се 765 терористи, вклучително и некои од водачите, како и дека е ослободена површина од 1.500 квадратни километри.
Ердоган порача дека Турција постигнала договор со САД, а не со терористите на ЈПГ/ПКК, како што се обидуваат да прикажат поедини партии.
Тој појасни дека со операцијата „Извор на мирот“ е покажан ставот на Турција.
Ердоган се осврна и на безбедносната зона во Сирија, додавајќи дека таа ќе биде под заштита.
„Научивме лекции, плановите и проектите се подготвени. Преземаме чекори во согласност со тоа“, рече Ердоган