Mehmet Alaca
09 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турција ја информираше меѓународната заедница во врска со операцијата „Извор на мирот“ која започна со цел оневозможување на формирањето терористички коридор, близу јужната граница на Турција и за обезбедување мир и спокојство во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на дипломатските мисии на земјите членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) во Анкара, беа повикани во Министерството за надворешни работи на Турција со цел да бидат информирани во врска со оваа операција за која станува збор.
Амбасадорот на САД во Анкара, Дејвид Сатерлфилд, амбасадорот на Франција во Анкара, Чарлс Фрие, амбасадорот на Обединетото Кралство во Анкара, Доминик Чилкот, амбасадорот на Русија во Анкара, Алексеј Јерхов, и заменик амнасадорот на Кина во Анкара, Ченг Веихуа, кои дојдова во турското министерство беа информирани околу операцијата од страна на заменик министерот за надворешни работи на Турција, Седат Онал.
Меѓу амбасадорите на земјите кои не се членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), кои беа информирани во врска со операција, беше и амбасадорот на Иран во Анкара, Мухамед Фаразманд.
Инаку, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, претходно соопшти дека покрај постојаните земји членки на СБОН, ги информирал и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и другите високи претставници. Чавушоглу исто така нагласи дека со соодветна нота е информиран и Конзулатот на сирискиот режим во Истанбул.
Министерството за национална одбрана на Турција исто така претходно нагласи дека почнувајќи од 14:00 часот по локално време во врска со операцијата „Извор на мирот" ги информирале САД, Русија, Велика Британија, Германија, Франција, Италија, НАТО и Генералниот секретаријат на ОН.