Muhammed Temim Hocaoğlu,Ekrem Biçeroğlu
14 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Националната војска на Сирија, Јусуф Хамуд, истакна дека зоните исчистени од терористите во рамки на операцијата „Извор на мирот“ ќе бидат предадени на цивилната управа, ќе се заштити територијалниот интегритет на Сирија и ќе се заштитат правата на сите малцинства, јавува Anadolu Agency (AA).
Фондацијата за политички, економски и општенствени истражувања (СЕТА) одржа панел-дискусија на тема „Операција Извор на мирот“.
Портпаролот на Националната војска на Сирија, Јусуф Хамуд, имаше свое обраќање, во кое рече дека Националната војска на Сирија е најголемото движење за обединување на силите кои од 2011 година војуваат против Асадовиот режим, и дека оваа Војска се состои од 7 единици во чии рамки се наоѓаат 80.000 обучени војници.
Според него, терористичката организација ЈПГ/ПКК ги принудила илјадници цивили со курдско, туркменско и асирско потекло на миграција, присилно ги регрутирала, извршила атентати врз политичките активисти, и арбитрарно притворила стотици лица, меѓу кои деца и жени.
Хамуд нагласи дека во основачкиот пакт на Националната војска на Сирија се наоѓа заштита на правата на етничките и верските малцинства. „Имаме за цел да формираме унитарна сириска држава која ги гарантира правата на сите малцинства“, додаде тој.
Осврнувајќи се на тоа што Арапската Лига ја осуди операцијата „Извор на мирот“, тој рече дека се зачудени од тоа, нагласувајќи дека земјите кои го осудиле тоа, останале неми кон воените злосторства на сепаратистичката терористичка организација.
Хамуд истакна дека вложуваат напор сириските Курди во зоната каде се реализира оваа операција, да не ги напуштат нивните домови.
„Ние како Национална војска на Сирија нема да управуваме со овој регион. Откако ќе го исчистиме од тероризам, регионот ќе го предадеме на цивилна управа, со цел олеснување на соживотот на мировен начин“.
Од друга страна, Хасан Хамада, заменик министер за одбрана на предоната влада на Сирија, рече дека структурата на Националната војска на Сирија стана попрофесионална во споредба со периодот кога беше реализирана операцијата „Маслинова гранка".
Основната предност на предоната влада, според него, е осигурување на стабилноста и безбедноста на зоната ослободена од страна на Националната војска на Сирија.