Hamdi Çelikbaş
15 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во рамките на операцијата „Извор на мирот“ неутрализирани се 595 терористи на ПКК/ПЈД-ЈПГ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Турција преку профилот на Твитер истакна:
„Во рамките на операцијата „Извор на мирот“, која успешно се спроведува на подрачјето источно од реката Еуфрат во Сирија, неутрализирани се 595 терористи на ПКК/ПЈД-ЈПГ.“
Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека целта на операцијата е со елиминирање на терористичките елементи да се обезбеди турската граница и да се спречи воспоставување терористички коридор. Целта е и воспоставување безбедносна зона за враќање на сириските бегалци и зачувување на територијалната целост на Сирија.
Турција предупредува дека терористичката организација ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПЈД претставуваат најголема закана за безбедноста на Сирија, бидејќи го загрозуваат нејзиниот територијален интегритет и целост.