Malik Hasa
29 Август 2016•Ажурирај: 30 Август 2016
ТИРАНА (АА) - Десетици припадници на граѓанското општество, професори, истражувачи, студенти и активисти денес се собраа пред Амбасадата на Косово во Тирана за да се спротивстават на договорот за демаркација на границата меѓу Косово и Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестантите којшто беа собрани пред амбасадата со транспаренти против демаркацијата на кои пишуваше: „Ние немаме земја за подарување”, „Слава на загинатите херои”, „Косово не е на продажба” и други.
Покрај слоганите тие скандираа против изгласувањето на демаркацијата како и против индиферентноста на политиката на Албанија во врска со ова прашање.
Активистката Врсилда Џиконди истакна дека од постигнатиот договор Косово губи километри земја и ѝ ја подарува на Црна Гора.
„Лицемерието и дипломатијата да им го оставиме на политичарите. Ние ја сакаме нашата татковина. Затоа ја штитиме, дури и повеќе нас самите”, рече таа и повика договорот да не се изгласа во Парламентот.