САРАЕВО (АА) – Најновите истражувања на Балканската истражувачка регионална мрежа (БИРН), покажаа дека околу 900 лица од регионот на Балканот заминале на странските боишта во Ирак и Сирија, од кои најмногу се од подрачјето на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред почетокот на регионалната конференција „Балкански џихадисти: Радикализација и регрутирање на борци за Сирија и Ирак”, новинарот на БИРН, Денис Џидиќ, за АА изјави дека заминувањето на таканаречените борци од Балканот на странските боишта е исклучителен проблем.
„БИРН пред неколку месеци направи истражување за бројот на лицата кои заминале на странски боишта, во регионот на Сирија и Ирак од подрачјата на Балканот, земјите на бивша Југославија. Од тоа подрачје заминаа околу 900 лица да се борат на странските боишта, а околу 300 лица се вратија. Најголем број се од Косово, потоа од Албанија околу 300, а по неа е БиХ со околу 200 лица, нешто помал е бројот од Македонија, Србија и Црна Гора ”, изјави Џидиќ.
Како што тврди тој, причините поради кои луѓето заминуваат на странските боишта на Блискиот Исток се различни, а најчесто е недостатокот на перспектива во татковината.
„Корупцијата, невработеноста, едноставно, тоа чувство на безнадежност а мотивите се и од религиска природа. Ние се занимававме првенствено со тоа кои се државните одговори на овој феномен. Еден сегмент се одговор на регресивниот апарат, обвинителството, полицијата, а другиот е ресоцијализација на таквите во општеството, што е голем проблем”, изјави Џидиќ.
Моментално за 18 лица во Бих се води судска постапка поради нивно заминување на странски боишта или поттикнување други лица за заминување. Конечните казни за такви кривични дела, како што смета Џидиќ, се релативно мали.
„Видовте казни од по година дена, тие лица тоа релативно брзо ќе го отслужат, што ќе направи државата за нивна ресоцијализација. БиХ во 2015 година ја усвои стратегијата во врска со процесот за превенција и дерадикализација, меѓутоа досега за имплементација на овој акт се работи најмалку. Затворските казни варираат, а гледаме дека Обвинителството на БиХ е подготвено на договор, во изминатите две недели имавме само два договори со кои беше предвидена казна во траење од една година. Тоа е просечната казна на која се осудуваат тие”, истакна Џидиќ.
- Од Србија на странски боишта заминуваат намногу жителите на Санџак –
Марија Ристиќ, уредничката на БИРН во Белград, нагласи дека истражувањата покажале дека во моментално во војната во Сирија и Ирак се наоѓаат 28 лица од Србија. Од тој дел во Србија како што нагласи, се вратиле осум лица додека за седум лица се верува дека се загинати.
„Од Србија заминаа 50 луѓе, тука се вклучени не само борците туку и нивните семејства. Најголем број на луѓе заминати од Санџак се Бошњаците кои живеат во тој дел на Србија, а втора најголема група се Ромите. Тоа се роми од белградските предградија, од Нови Сад и Смедерево”, изјави Ристиќ.
Според неа, српската влада окупирана со преговорите со Косово, европските интеграции и мигрантската криза, сè уште сериозно се фатила во костец со проблемот во врска со заминувањето на граѓаните на странските боишта.
„Нашите безбедносни служби тврдат дека вршат мониторинг и дека нивото на безбедност е подигнато, меѓутоа, не ни се познати резултатите на тој напор на владата за соочување со тоа. Ние досега во Србија не сме имале никакви инциденти, ниту пак безбедносните експерти сметаат дека џихадистите се на било кој начин закана за Србија. Имавме неколку здруженија обележани дека регрутираат борци во Сирија, тоа се претежно здруженија од Нови Пазар и се под надзор, а повеќето од водачите се на судење во Белград поради регрутирање”, истакна Ристиќ.
Таа додаде дека во Србија досега не е донесена ниту една пресуда поврзана со заминувањето на странските боишта или регрутирање на борците.
„Имаме два случаеви за пет лица од Нови Пазар, најчесто тоа се луѓе кои се блиски на здружението Фуркан и на уште еден обвинет за регрутирање на Ромите од Белград. Сè уште нема пресуда, тој случај е сè уште во тек и немаме никаков резултат. Моментално нема државен одговор на дерадикализација. Постојат здруженија од Нови Пазар кои се занимаваат со млади луѓе и постојат лични иницијативи меѓу исламскata заедницa во Србиja”, нагласи Ристиќ додавајќи дека на младите луѓе од регионот на Балканот заедничко им е тоа што во своите земји немаат перспектива, па така врз онова на тој начин многу е лесно да бидат изманипулирани.
„Изманипулирани се со она што го гледаат во медиумите. Другата група се луѓе кои се едуцирани во таканаречени пара-џемати и врбувани од некои верски лидери. Тие најмногу заминуваат поради идеологијата”, заклучува Ристиќ.
- Од 300 заминати борци од Косово, се вратија 100 -
Истражувањата на безбедносните и други агенции на Косово покажуваат дека од тоа подрачје на Блискиот Исток од 2012 година заминале 300 лица, потврди Скендер Петреши, истражувачот од Центарот за безбедносни студии на Косово.
„Не постои единствен фактор кој ги мотивира луѓето да заминат на боиштата. Мислам дека еден од факторите е лошиот образовен систем, потоа погрешните информации со кои располагаат луѓето, што навистина се случува таму и каква е природата на конфликтите на Блискиот Исток, потоа постои и недостаток од доверба во системот од страна на луѓе кои се лошо образувани или недовлно информирани, постои и економски фактор, па според тоа заминуваат од разни причини, но и поради идеологијата”, истакна Петреши.
Кога станува збор за статистичките податоци, Петреши додава дека меѓу 300 регистрирани лица од 2012 година има и жени и деца. Според него, 60лица загинале додека пак 100 лица се вратиле во Косово
„Да тие претставуваат ризик за нашата национална безбедност и поради тоа и полицијата и владата презедоа одредени мерки со цел да спречат било какви закани. Тукушто е одобрен законот во кој се спречува било какво ангажирање и заминување на нашите граѓани на Блискиот Исток, а исто така усвоивме и национална стратегија во која на граѓаните им е забрането да бидат вклучени во било какви екстремистички идеологии. Сметаме дека тоа себсоодветни чекори за редуцирање на заканата за нашата национална безбедност”, заклучи Петреши.