Amina Zorniç
17 Јануари 2016•Ажурирај: 19 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Истражувањето спроведено на американскиот универзитет "Томас Џеферсон" покажа дека дебелината го зголемува ризикот од рак на дебелото црево, јавува Anadolu Agency (АА).
Според студијата, ризикот од рак на дебелото црево за 50 отсто е повисок кај дебелите отколку кај слабите луѓе.
"Нашата студија покажа дека ракот на дебелото црево кај дебелите лица може да се спречи со употребата на хормонска терапија", вели Скот Валдман од Универзитетот "Томас Џеферсон".
Според него, главниот проблем со дебелината денес го имаат адолесцентите со значително изразен ризик од рак на дебелото црево.
Инаку, ракот на дебелото црево е третиот најчест облик на рак во светот со 1,4 милиони нови случаи секоја година.
Во САД минатата година се регистрирани околу 150 илјади пациенти кои страдаат од рак на дебелото црево. Во Азија и Африка, од друга страна, оваа болест не е изразена, факт што научниците го поврзуваат со здравата исхрана и здравиот начин на живот.