AP
17 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
БРИСЕЛ (АА) - Лидерите на земјите на Европската унија на дводневниот состанок во Брисел, последен оваа година, ќе разговараат уште еднаш за решавање на мигрантската криза со која е погодена Европа, но и за други прашања важни за функционирање на Унијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес, на првиот ден од состанокот, пред европските лидери би требало да се најде контроверзниот план на Европската комисија за воспоставување нова агенција за надзор на границите и крајбрежната стража, која, како што е предложено, би имала надлежност унилатерално да ги распореди своите сили во земјите погодени со бранот бегалци.
Се смета дека споменатиот план, најверојатно ќе наиде на противење од земјите на јужна Европа кои се најмногу погодени од бегалскиот бран, како што се Грција и Италија.