Admir Fazlagic
06 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, денес изјави дека изборите закажани за 11 декември оваа година се многу важни за Република Македонија и очекува да бидат спроведени, јавува Anadolu Agency (AA).
Одговарајќи на новинарско прашање дали е оптимист или песимист во врска со закажаните предвремени парламентарни избори, британскиот амабасадор во земјава рече дека не е ниту оптимист ниту песимист, но истакна дека е задоволен поради фактот што политичките партии постигнале договор за одржување на изборите, како и дека престојните избори се важни за Македонија.
„Јас не би го употребил епитетот оптимист или песимист во врска со моите предвидувања за изборите, би рекол дека сум многу задоволен што се постигна договор. Онаа придавка што јас би ја искористил во врска со изборите закажани за 11 декември е дека се многу важни за Македонија и навистина мислам дека ќе се спроведат“, рече Гарет во својот одговор.
Инаку, британскиот амбасадор Чарсл Гарет и министерот за правда Валдет Џафери денеска потпишаа меморандум за соработка во областа на правосудството меѓу владите на Обединетото Кралство и Република Македонија.