İhvan Radoykov
22 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
СОФИЈА (АА) - Бугарската влада го одобри договорот за реадмисија кој е потпишан од страна на Европската унија (ЕУ) и Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата дадена во прес-центарот на владата се вели дека во одобрениот документ се вградени потребните документи за безбедноста, контролата и конкретните состојби на другите органи меѓу двете земји, утврдување на примена и период на примопредавање.
Бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов, истакнувајќи ја важноста на документите кои ги одобри Владата, изјави дека е потребно почитување на договорот за реадимиција и придржување кон договореното.
За Бугарската национална телевизија (БНТ) Митов изјави: „Турција вели дека договорот е одобрен. Анкара бара време за да докаже дека се спроведува договорот за реадмисија и за прикажување на резултатите од неговото спроведување.“
Митов рече дека границата со Турција од каде доаѓаат најголемиот број илегални преминувања засега е стивнат, и додаде:
„Турција покажа дека може да се справи со миграциите. Оваа состојба ќе овозможи подобра контрола на приливот на мигранти. По ова, главна задача ќе биде елиминирање на трговијата со луѓе“.
Митов рече дека Бугарија е дел од територијата на ЕУ и заштитата на надворешните граници на овој простор е задача на сите членки.
- Бегалците во Бугарија -
Бугарската државна агенција за бегалци (ДАБ) информираше дека во првите шест месеци од 2016 година 6.421 лице побарало азил во Бугарија.
Според официјалните статистички податоци, само во мај месец 421 лице поднеле барање за азил во Бугарија, додека во последните шест месеци 249 лица добиле статус на бегалец, а 180 добиле хуманитарен статус. На 186 лица барањата им се одбиени.
Бегалците кои доаѓаат од Сирија, чиј прилив постепено се намалува, во првата половина од годината во Бугарија се регистрирани 2.859 Авганистанци, 2.256 Ирачани и 748 Сиријци. Според одговорните во Државната агенција за бегалци, Бугарија не е една од европските земји кои се желба за постојан престој на бегалците. Тие повеќе сакаат да заминат во западно-европските земји, и Бугарија ја гледаат како „транзитна земја“.