Senita Sehercehajic
10 Јули 2026•Ажурирано: 10 Јули 2026
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ќе поднесе оставка од својата функција по неколку дена откако ќе ги распише парламентарните избори, пренесува Анадолу.
„Полека ги изнесувам работите. Како претседател на републиката, морам да ги распишам парламентарните избори, а неколку дена потоа ќе поднесам оставка“, изјави Вучиќ во гостувањето на ТВ Пинк, што денес го пренесе агенцијата Танјуг.
Вучиќ истакна дека, доколку неговите соработници и поддржувачи изразат желба тој да биде кандидат за премиер, кампањата нема да ја води од позицијата претседател на државата, туку како обичен граѓанин.
„Сакам да покажам дека можам да ги имам истите услови како и сите други, да се борам и да победам.“
На прашањето дали се уморил за уште една „трка“, Вучиќ одговори дека би излажал доколку каже дека воопшто не се уморил, додавајќи дека би излажал и кога би рекол дека нема повеќе енергија, притоа нагласувајќи ја одговорноста што ја чувствува кон своите деца.
„Имам одредена одговорност и кон малото момче со кое поминувам малку време, како и кон овие две возрасни деца кои останаа без мајка, а јас не им пружив заштита. Тоа некаде сè ми расипа. Ме расипа во смисла на емоциите, кои се исклучително негативни кон оние кои им се закануваа – од ’туширање’ со осиромашен ураниум, до тоа какви баханалии прават во вилите во Берлин“, изјави Вучиќ.