Hasan Esen
30 Ноември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
БРИСЕЛ (АА) - Премиерот на Република Турција, Ахмет Давутоглу изјави денеска во Брисел дека секоја повреда на границите на Турција и нејзиниот воздушен простор е повреда на границите на Северноатланскиот сојуз (НАТО) , јавува Anadolu Agency (AA).
"Турската граница е граница на НАТО. Повредата на границите на Турција е повреда на границите на НАТО", рече Давутоглу по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Столтенберг рече дека Турција има право да го штити својот воздушен простор и границите.
"Турција има право да го штити својот воздушен простор и границите. Ги поддржуваме напорите Турција да оствари контакти со Русија", рече Столтенберг, по состанокот со турскиот премиер Давутоглу.