Додик: Муслиманите и исламот во БиХ не може и не треба да добијат терористичка етикета
-На показната антитерористичка вежба „Штит“ во Белград присуствуваше премиерот на Србија, Александар Вучиќ, министрите во Владата на Србија, претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад ДодикKristina Maslareviç
21 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
БелградБЕЛГРАД (АА) – По показната вежба „Штит“, и антитерористичките акции одржани на четири локации, пред палатата на Србија, на Железничката станица во Белград, покрај река и на аеродромот, премиерот Вучиќ, честитајќи им на околу 700 –те учесниите во вежбата, рече дека за Србија е важно што тие покажаа исклучителна обученост и дека Владата ќе продолжи да вложува во оружје и опрема, јавува Anadolu Agency (AA).
„Се е извонредно направено и со авион и во воз, на брегот на река, сите беа извонредни, до нуркачките тимови а граѓаните на Србија можеа да видат колку брзо ќе реагираме. Секако за нас е многу важно да ја сочуваме земјата од било какви напади, но бидејќи никогаш не можете да гарантирате, никогаш не можете да знаете, ваков ќе биде нашиот одговор. Тоа значи дека ќе реагираме брзо, едноставно и ефикасно“, рече Вучиќ.
„Србија ја почитува БиХ, ја сака Република Српска и Србија на ниту еден начин не го нарушува територијалниот интегритет на БиХ, но смета дека е неопходно да се заштити и зачува опстанокот на Република Српска“, кажа Вучиќ и додаде дека се видени многу идеи за рушење на Дејтонскиот договор, но не е виден ниту еден план кој би понудил подобар излез.
Претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик, присуствуваше на показната вежба пред Палатата на Србија, и истакна дека е многу благодарен за поканата како и тоа дека е многу важно за народот на Србија и Република Српска да ја види способноста на единиците за интервенции во случај на терористички или некој друг напад.
Коментирајќи ги терористичките напади кои се случија во БиХ, Милорад Додик рече дека таа е специфично организирана со служби кои се занимаваат со безбедноста и додаде дека по нападот во Зворник, постоела некоја вид опструкција за одредување на самиот терористички чин.
„Муслиманите во БиХ и исламот во БиХ не може и не треба да добијат етикета која која би можело да се припише врз база на терористичките напади или фактот што многу од терористите денес се муслимани. Ние сакаме да видиме соработка во борбата против тероризмот, а за таа соработка ни се потребни креативни и воени сили во рамките на бошњачкиот народ и политичка структура“, истакна Додик.