БиХ: 20 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор
- На денешен ден пред две децении во воената база Рајт-Патерсон во градот Дејтон, Охајо, потпишан е договор за мир во Босна и Херцеговина, подобро познат како на Дејтонскиот мировен договор.Senita Şeherçehayiç, Ekip
21 Ноември 2015•Ажурирај: 22 Ноември 2015
СараевоСАРАЕВО (АА) - На денешен ден пред две децении во воената база Рајт-Патерсон во градот Дејтон, Охајо, потпишан е договор за мир во Босна и Херцеговина, подобро познат како на Дејтонскиот мировен договор.
Овој документ официјално стави крај на речиси четиригодишната војна, а Босна и Херцеговина е основана како држава на трите конститутивни народи и Федерацијата на БиХ и Република Српска, пишува Anadolu Agency(АА).
Главните актери во мировните разговори беа потписниците на Дејтонскиот договор - тогашните претседатели на БиХ, Хрватска и на Србија, Алија Изетбеговиќ, Фрањо Туѓман и Слободан Милошевиќ. Сите три држави настанаа по распаѓањето на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
"Ова не е праведен мир, но е поправеден од продолжување на војната. Во ситуацијата каква што е, и во ваков свет каков што е, подобар мир не можеше да се постигне", вели Алија Изетбеговиќ по церемонијата на потпишувањето на Дејтонскиот договор во Париз.
Овие зборови најдобро го претставуваат моментот во кој е усогласен Мировниот договор за Босна и Херцеговина.
Најголем придонес во креирањето на Дејтонскиот договор даде Ричард Холбрук, поранешниот замен на американската државна секретарка Медлин Олбрајт, а негова гаранција му дадоа американски претседател Бил Клинтон, Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бутрос Бутрос-Гали, поранешниот француски претседател Жак Ширак, тогашниот британски премиер Џон Мејџор, генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана, германскиот канцелар Хелмут Кол, рускиот премиер Виктор Черномирдин, и премиер на Шведска Карл Билд, кој исто така беше ко-претседателите на мировната конференција во име на Европската унија. Договорот се состои од 11 анекси, меѓу кој е и Анексот 4 - Уставот на Босна и Херцеговина, кој е на сила и денес, 20 години од Дејтонскиот договор.
Дејтонското уставно уредување стана еден од главните проблеми во функционирањето на современа Босна no и пречкa на патот кон евро-атлантските интеграции. Во последниве години не е постигнат консензус за ниту еден предлог за уставни промени. И додека едни уставните промени ги гледаат како "потенцијална закана за опстанокот", други веруваат дека територијалната реорганизација на земјата е нај оптимално решение.
"Меѓународната заедница по постигнување на мировниот договор се наметна како неприкосновен лидер и заштитник на суверенитетот и независноста на Босна и Херцеговина како држава. Таквиот мировен договор најмногу и одговара на меѓународната заедница, која веќе долго време управува со земјата а нe граѓаните", рече Чендлер. Според неговото мислење, многу е важно да се интегрираат луѓето во рамките на БиХ и дека локалните политичари се обидуваат да направат нешто сами.
"Целта на Дејтонскиот мировен договор беше да се запре војната. Тоа беше многу амбициозен договор, но не se pokazha dobar. Тој вклучува многу работи, но никаде не се спомнуваат помирувањето и соживотот како клучни принципи за иднината на БиХ.", рече тој. БиХ, 20-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, ја дочека со "старите" проблеми.
Во рамките на владејачката структура во земјата постои консензус за продолжување на исполнувањето на условите на патот на БиХ кон ЕУ, но не и за членство на земјата во НАТО. Заглавена во рамките на Дејтонскиот на внатрешниот политички систем, БиХ доживува економска стагнација. Еден од показателите на што особено загрижува е стапката на невработеност, која надмина 27 отсто, од кои дури 60 проценти се млади.