Alperen Aktaş
23 Јули 2023•Ажурирај: 24 Јули 2023
Египетскиот претседател Абдулфетах ал Сиси го назначи Амр ел Хамам за амбасадор на земјата во Туркије со официјален указ објавен во службениот весник, пренесува Анадолу.
Назначувањето дојде откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го назначи Салих Мутлу Шен за амбасадор на Анкара во Каиро откако двете земји, по една деценија, ги подигнаа своите дипломатски односи од ниво на вршител на должност.
Хамам бил вршител на должност на Египет во Анкара од 2019 година. Пред тоа, тој бил правен советник во египетската мисија во ОН во Њујорк од 2011 до 2015 година.
Тој, исто така, извршувал конзуларни функции во египетските амбасади во Нигер, Данска и Бугарија.