Hande İlbeyi Canca
28 Ноември 2015•Ажурирај: 29 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Рeџеп Таип Ердоган уште еднаш ја повика Русија кризата настаната по соборување на рускиот авион да се реши меѓусебно и на тој начин на “другите да не им се приредува уживање” , пренесува Anadolu Agency (AA).
Ердоган им се обрати на жителите на турскиот град Баликесир, на церемонијата на отворањето на зградата на Центарот за образование при Трговската комора и овој град, а по тој повод се осврна и на последните случувања во врска со засилените тензии со Русија.
" На Русија и велиме дојдете заедно да разговараме и да го решиме овој проблем внатре во нашите граници. Немојте оваа тема да ја доведеме до димензија која ќе и нанесе штета на нашите односи и немојте на другите да им приредуваме уживање” порача Ердоган.
Тој уште еднаш потсети дека во понеделник, на 30 ноември, во Париз се одржува самитот на Обединетите нации за климатските промени и тоа може да биде прилика за поправање на односите.
Потсетуваме, турските воени сили, во вторник на 24 ноември, го соборија рускиот авион СУ-24 поради кршење на турскиот воен простор иако руските пилоти биле предупредени во рок од пет минути да го сменат правецот на движењето.