Hülya A. Gündüzalp
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Тврдењата на Русија дека Турција купува нафта од терористичката организација ДАЕШ, кои се појавија по соборувањето на рускиот авион, не се точни, потврди неименувана официјална личност од Министерството за надворешни работи на САД, јавува Аnadolu Agency (AA).
„Русија формира и убаво обликува интернет страница со многу информации, но нашите проценки покажуваат дека нема криумчарење со нафта помеѓу Турција и деловите кои се под контрола на ДАЕШ“, смета официјалното лице на американското министрество, и додаде:
„Ако баш сакате да зборувате за криумчарење на нафта, ние веруваме дека тоа не е зголемено, туку намалено, кое, во одредена мера се случи благодарение на Турција“.
Функционерот нагласува дека не е прикажан ниту еден доказ кој укажува на тоа дека Владата на Турција стои зад криумчарењето со нафта. Според неговите зборови, најголем дел од нафтата која се наоѓа на подрачјата под контрола на ДАЕШ оди во подрачја кој ги контролира Асадовата војска и во централен Ирак.
Да потсетиме, Русија изнесе тврдења дека Турција криумчари нафта од ДАЕШ, откако турските сили, на 24-ти ноември соборија руски авион кој го наруши турскиот воздушен простор.