Furkan Naci Top
06 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
АТИНА (АА) - По повод почеток на тодневен штрајк на јавниот и приватен сектор во Грција, во демонстрациите на Атина учествуваа 15.000 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Работниците на јавниот и приватен сектор во Грција денес започнаа тродневен штрајк, со оглед на тоа дека грчкиот парламент овој викенд гласа за измените на законот за пензии и даноци.
На повикот на Федерацијата на вработени на јавниот сектор во Грција (ADEDY) и Конфедерацијата на работничките синдикати на Грција (GSEE) се одзваа илјада демонстранти кои одржаа протестна прошетка до атинскиот плоштад Синтагма.
Демонстрантите ги извикуваа слоганите „Тргнете ги рацете од нашите даноци" и „Работнику, не ја поклонувај главата".
Поради демонстрациите, центарот на градот беше затворен за сообраќајот околу 4 часа. Демонстрациите завршија без инциденти.
'GSEE', гласањето на парламентот во врска со измените на наведените удари го нарече удар на парламентот. 'ADEDY' ги повика сите свои членови жестоко да се спротистават на протестите со настојување за зголемување на даноците на додатна вредност, како и даноците на другите артикли.
Во Грција денес поради штрајкот е стопиран градскиот превоз, железничкиот промет, а ниту јавните претпријатија не пружаат услуги на граѓаните.
Во штрајкот исто така се вклучи и Синдикатот на новинари на Грција, така да ни претставниците на медиумите нема да работат до недела.
За време на викендот се очекуваат нови демонстрации.