??????? ??????
18 Ноември 2015•Ажурирај: 19 Ноември 2015
ПРИШТИНА (AA) - Демонстрантите кои се противат на потерницата за четворицата членови на опозициските партии во Косово денеска се судрија со полицијата пред зградата на парламентот во главниот град Приштина, јавува дописникот на Anadolu Agency (AA) од местото на настанот.
Демонстрантите фрлаа камења кон зградата на парламентот и скршија неколку од прозорците на оваа институција. Исто така, демонстрантите фрлаа камења и боја на полицијата која го штитеше Собранието. И покрај повиците од страна на полицијата да не фрлаат со камења и други предмети, организаторите на протестите ги продолжија нападите врз полицијата и Собранието.
Против оваа хаотична ситуација полицијата одговори со солзавец и бибер спреј да се запре насилните демонстранти. Околу 50-60 демонстранти го напуштија местото на Парламентот, а потоа пак организирано се вратија во поголем број. На плоштадот "Захир Пајазити" во Приштина, сè беше покриено со чад и солзавец. До овие моменти на известувањето, се уште се во тек судирите меѓу приврзаниците на опозицијата и полициски сили.
Денешните протести ескалираа по вчерашните тензиите во Парламентот на Косово меѓу опозицијата и власта, поради потерницата денесена од страна на Основниот суд за повеќе од четири пратеници од опозициските партии и денешното апсење на пратеникот Доника Кадај Бујупи од опозициската партија Алијанса за Иднината на Косово (ААК) .
Инаку, вчера на почетокот на седницата на собранието за предлог буџетот,опозицијата повторно фрли солзавец, што доведе дo стопирање на работата во собранието.
Подоцна на седницата, на која на дневен ред беше Предлог-буџетот за 2016 година беше одржана во импровизирана сала.
Во последниве неколку месеци, значително се зголемија тензиите меѓу владата и опозицијата во Косово. Косовската обединета опозиција побара од премиерот да се повлечат потписите за Договорите za Aсоцијација на општини со српско мнозинство во Косово и демаркација на границата со Црна Гора.