?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 10 Ноември 2015
Во Мјанмар денес се одржуваат историски парламентарни избори на кои се регистрирани речиси 30 милиони избирачи кои ќе го избираат националниот парламент и собранието на покраината и регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Денешните избори беа најавени како први слободни избори по повеќедецениската ера на воена власт. Во изборната трка се вклучени вкупно 91 политичкa партиja со над 6.000 кандидати.
Долниот и горниот дом на мјанмарскиот парламент брои вкупно 664 пратенички места, додека провинциското и регионално собрание вкупно 1.100 пратенички места. Пратениците се избираат за мандат од пет години. 75 отсто од избирачите денес ќе го избираат парламетот, додека 25 отсто од пратеничките места ќе ги именува војската.
Изборниот процес е под надзор на речиси 11.000 домашни и странски набљудувачи, меѓутоа, скратеното право на муслиманското малцинство за учество на изборите го доведува во прашање целиот демократски процес.
Во 300 изборни единици не се спроведуваат изборите, поради безбедносни причини. На изборите со највисоки очекувања влегоа владеачката провоена Партија на унијата, солидарноста и развојот (USDP) и опозиционата Национална лига за демократија (NLD) , на 70-годишната добитничка на Нобелова награда за мир Аунг Сан Су Чи.
Националната лига за демократија на изборите одржани во 1990 година освои 392 од вкупно 492 пратенички места, но резултатите беа поништени од страна на воената хунта, а ќерката на десничарскиот лидер Аунг Сан, Су Чи, која ја донесе независноста на земјата, беше ставена во домашен притвор, каде што помина речиси дваесет години.