?????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 09 Ноември 2015
За време на состанокот на српскиот премиер Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, беше потврдена определбата за понатамошниот развој на билатералните односи на двете земји и намерата да се зајакне економската соработка, пренесува Anadolu Agency.
Како што е наведено во соопштението за медиумите, премиерот на Србија, Вучиќ и Попоски разговараа за европската интеграција и се согласија дека е потребно да се продолжи меѓусебната поддршка на патот до ЕУ.
"Со оглед на фактот дека Србија и Македонија се соочуваат со голем прилив на бегалци и мигранти од Блискиот и Средниот Исток, Србија е подготвена со Македонија и партнерите од ЕУ да продолжи со решавање на овој итен проблем", рече Вучиќ.
Како што се наведува во соопштението, српскиот премиер и македонскиот министер за надворешни работи, ја истакнаа важноста за одржување на мирот и стабилноста во регионот, дополнувајќи дека двете земји ќе продолжат да придонесуваат кон постигнување на оваа цел.
На средбата на премиерот Вучиќ и министерот за надворешни работи на Македонија, присуствуваа на првиот потпретседател на Српската Влада и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, кој претходно имаше одделна средба со Никола Попоски.