Kasım İleri
20 Јули 2016•Ажурирај: 21 Јули 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Секретарот за одбрана на САД, Ештон Картер вчера го повика својот турски колега, Фикри Ишик, да ја поддржи демократски избраната влада во Анкара по неодамнешниот обид за државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Повикот доаѓа четири дена по обидот за државен удар од страна на група припадници на турските вооружени сили поврзани со терористичата организација ФЕТО, чиј лидер е Фетулах Ѓулен.
„Од своја страна, министерот Ишик изрази благодарност за повикот и го увери секретарот за одбрана на САД дека Турција останува непоколеблив и посветен парнер и сојузник во борбата против ДАЕШ и тероризмот од сите видови“, вели во соопштението, портпаролот на Пентагон, Питер Кук.
Во разговорот со министерот за одбрана на САД, Картер, Ишик изјави дека неговите планови да присуствува на состанокот на министри за одбрана против ДАЕШ, денес во Вашингтон, биле спречени од обидот за државен удар, но дека ќе прати официјално лицe од Турската амбасада на негово место, вели Кук.
Двајцата министри за одбрана исто така ја дискутираа ситуацијата на воздухопловната база Инџирлик, од каде што американските авиони вршат напади против ДАЕШ, изјави Кук.