Burak Yılmaz
29 Ноември 2015•Ажурирај: 30 Ноември 2015
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша одлука за наметнување на санкции за Турција кои вклучуваат привремена забрана или стопирање на увозот на одредени видови стока од Турција, а исто така и забрана на делување во Русија, во одредени институции и организации во надлежност на турските закони, јавува Anadolu Agency (AA).
Според одлуката која ја потпиша претседателот Владимир Путин, наметната е и забрана на турските фирми кои работат во Русија од први јануари 2016 година да примаат вработени кои се турски државјани. Санкциите не се однесуваат на турските државјани кои веќе работат во Русија.
Путин, во рамките на санкциите кон Турција, ја потпиша и одлуката за едностано укинување на безвизниот режим помеѓу Турција и Русија и им забрани на туристичките агенции да продаваат туристички аранжмани за Турција.
Освен тоа, донесена е и одлука за запирање на чартер летови помеѓу Русија и Турција, како и одлука ѕа засилени контроли на делување на турските транспортни компании кои вршат транспорт за Русија, како и зајакната контрола на турските бродови кои ќе се најдат во видите на Црното и Азовското море.
Во соопштението од Кремљ се наведува дека санкциите не се однесуваат на турските државјани кои веќе имаат дозвола за престој во Русија, како ниту на турските дипломати и нивните семејства кои престојуваат во Русија, а лицата и институциите на кои нема да се однесуваат новите санкции во наредните денови ќе бидат посебно соопштени.
Потсетуваме, турските воени сили, во вторник, 24 ноември, го соборија рускиот авион СУ-24 поради нарушување на турскиот воздушен простор, иако руските пилоти беа предупредени десет пати во рок од пет минути да го сменат правецот на движење.
После тоа, се нарушија односите помеѓу Турција и Русија.